присени св.

присени (св.)

Шепотот пак се повторува. Се опулувам кон пенџерето и гледам нешто ми се привсенува, ми се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој ден, секоја ноќ, ќе ни се присени нешто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа го симна од ѕидот и огледалото во кое Илко се огледуваше и во кое ѝ се пристори како да ѝ се присенува неговиот лик.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гледам напред, а уште нешто ми се присенува, ми претрчува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наближувам кон луѓето, а тие ги привсениле веѓите и крв немаат на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само му се присенуваше точката, модра а веќе црна, на челото на Нако, токму меѓу веѓите, небаре вампирски мур, а не наречнички предрек, како од навидум случаен, а всушност прицелен истрел, од куршум не однадвор ами одвнатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)