преубав прид.

преубав (прид.)

РИСТАЌИ: Преубав е кога ти велам. Ај ти, знам јас!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Беше слатка, преслатка, убава, преубава, поубава од секакво злато.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги следеше крикот на галебите кои кружеа над коњаникот, како и тие да учествуваа во оваа преубава игра.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Грд ли е, преубав ли е? - пак прашувам. - Обичен е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од височинката, каде што се прости со Денко и доктор Коста, убаво се гледаше наоколу, и денот беше од убав преубав, небото сино како синчец, сонцето жолто како качунка, миризби како да е сред мајска покосена ливада, а сето тоа тој ниту го гледа, ниту го чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И потоа: размислувајќи на темата - детска љубов, или љубов на детски начин, не можев а да не ја спомнам оваа преубава книга што на поетски начин, на другарски начин, малку тажно, повеќе шеговито, ја обработува првата детска љубов.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Приказната за Елена, преубавата ќерка на Зевс и Леда, содржи изненадувачки поклопувања со приказната за Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа, неговата жена, не беше таква, преубава беше, морам да признаам дека маѓепсуваше.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Контрастот е мошне двосмислен: одвратна реалност вгнездена во преубава околина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И пак се расприкажав, а времето беше стигнато за џелат и судија; дојдоа тие, ја треснаа вратата на одајата и во следниот миг застанаа како од ровја трештени: пред нивните нозе, пред моето легло, стоеше составено скршеното огледало, со скаменетата последна слика во него, со ликата на прекрасната, преубавата ќерка на царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нејзе ѝ годеше кога слушаше дека е убава, дури и преубава (Господ знае што значи тоа!), ама и се лутеше кога ништо не велеа за Дончо, ни дека не е убав, ни дека не е - нешто друго!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Засветеа прстените на отворено сонце... Кралот се женеше со преубава мома од вичен сој!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога ќе помислам дека некаде постојат преубави заливи пред нив кораби над нив тераси за пристан, за враќање, за дочек не можам да се успокојам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Томаица, односно Томето (како сите што ја викаа нагалено) тогаш имаше 18 години и беше преубава млада девојка која штотуку ја имаше завршено Раденичката школа за домаќинство и шиење во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој успеа во животот да создаде огромен имот од куќи и дуќани низ цела Битола како и многу обработлива почва односно ниви, пасишта во целата преубава околина во подножјето на планината Баба, на тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Албанија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На англиски јазик, од некој филм, со преубав глас на Бинг Крозби, меѓу кои и „Месечината продре во моите очи“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А нашата кралица, што на работа ни правеше „штимунг“ (ете, пак германски збор), играше со другарките и марамчињата порабени со парички, весела и насмеана и преубава; нема веќе да нѐ собира пред дуќан, варејќи ни кафе секое утро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, така... преубав, лимон боја фрижидер како шифоњер, со ледомат во него, тргна на пат на коњска кола, која вчера пренесувала арско природно ѓубриво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи