предено ср.

предено (ср.)

Чудно ми чудо и да е кал, а пак тоа била боја, вапцувала девојката предено за чорапи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа си напреде предена што ѝ беа потребни за идниот „нов човек", нешто даде на откуп да ѝ се испреде, каде за сирење, каде за сланина, и така, уште божиќни пости си ги иска пелените.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста пак, сета волна ја испреде некакво си предено, кое не личеше ни на основа, ни на јаток за клашни, шајаци или покрови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во предниот земник обично е разбојот и по некоја крбла, каче, ковчеже со разни ситнарии: цевки, предена кадели, пласти и секаков „абур — џубур".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојдоа право кај влезот во земјанката каде што Едо од своето стражарско место не можеше да ги види, но не мина многу и тие пас се вратија кон влезот во училиштето држејќи за мишки некој пристар човек со кусо шајкачно палто, во опинци и со темно-црвени чорапи шарени со црно и бело предено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Конечно таа ја подаде раката и таму, на нејзината мека дланка, која на сончевата светлина блескаше како предено злато, имаше прамен коса свиткан во топка, како кожурец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иглите за плетење и преденото и многу други работи што ги правевте во вашите села и по дома, тука да ги заборавите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така таа ни рече: - Земете игли, па таму каде што ќе одите ќе има волна за влачење и предено за плетење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)