прегради св.
преграда ж.

прегради (св.)

— „Платите што сме а плеле другачка ни дваесет години!“ — рекоа тие и се фатија за раце, им го преградија патот на деверите кон средната врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа не го преградуваше ноќе прозорецот и умираше полека од страв заради многу воздух.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И повеќе копаме, се преградуваме, редиме ежови, слегуваме во земјата ко кртови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се преградува нешто во градиве и ме боли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
НОЌ Внатре просторијата е преградена на половина со бетонска ограда.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зашто, или ќе надојде Жепа, брзо и ненадејно како сите горски потоци, па ги поткопува или ги откопува гредите, или ќе надојде Дрина, па ја преградува и ја запира Жепа кај утоката, а таа нарастува и го крева мостот како и да не бил никогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)