потреба ж.
потреби св.

потреба (ж.)

Има ли потреба за Македонски национални научно-литературни друштва?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А новата епоха ни налага нам нова потреба – културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Освен тоа, на Византија ѝ помагаа да ги држи Македонците во послушност и џадињата или друмиштата што се направени за воени потреби уште од Римјаните и ја пресечуваат Македонија од исток на запад, т.е. од Белото Море кон Јадранот и од југ кон север крај Вардар, т.е. од Белото Море кон Дунавот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема потреба да се објаснува дека Хегел под движење на логичките категории на „светскиот разум“ во мистифицирана форма го објаснуваше движењето на стварите и појавите на објективниот свет.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
А ваму народните интереси имаат потреба.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А пак и таа знаеше да се носи ѓаволски! Само пред себе гледаше, никого без потреба не погледнуваше, ни муабет без потреба правеше.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Не толку од тоа што сакаше да им помогне колку од несовладливата потреба да им се допадне и на селаните.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Навиениот будилник во него беше сигурен и непогрешлив. „Јас сум ти потреба?“ го праша еднаш таа стискајќи ја со коленици неговата рака.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- За мене жената секогаш е оличување на нешто повисоко... - Не постои духовна без физичка потреба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе живееш сѐ додека глутницата од силници има потреба од твоето живеење. Живеј за себе!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сè додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше да стои на прозорецот, со ноктите вкопани во дланките, со прежилени тупаници, еден црвенокос човек, како врзан во тие ѕидови, сосема сам со себе си без потреба да се помрдне, а тоа во него беше како вик како врескање во таа сонлива белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Самиов се јавив. И имам зошто. Нема потреба од некакво политичко убедување. Задругата плаќа, а јас останувам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие ќе се употребат за потребите на Внатрешната македонска револуционерна организација.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Бидете готови! Можеби ќе има потреба! - нареди Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Чувствуваше потреба да биде сам, да ја гледа сликата на Елена и да ја доближи до себеси во своите мисли. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе од поодамна чувствуваше потреба и да се преоблече, зашто откако беше дојден сè во иста преоблека беше, секогаш цел, облечен легнуваше и стануваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа среќавање со добриот старец го чувствуваше како потреба, како свое лично задоволство и знаеше дека и за дедо Иван неговата посета е радосен, весел настан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи