потрае несв.

потрае (несв.)

Сето тоа потраја само малку време, а после се’ се смири, само што и потаму јачеше громогласниот смеј на чудовиштето: – Ха-ха-ха ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Сакам да ти кажам нешто. Потраја малку и праша, наеднаш доверлив и срдечен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оваа игра беше пријатна и Борко имаше желба подолго да потрае.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не потраја долго, гранките закрцкаа и на полјанката се појавија луѓе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не потраја долго, низ селото се разнесе гласот на селскиот протуѓер: - Еј, селани!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не потраја долго, одоздола се јави друга кукавица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ниедна мислам нема да продолжи да трае тежината на пустошот ќе влече и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена на постела распослан векот парче по парче дури се собере и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Но тоа потраја додека Бојан јадеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Разјужи“, се радуваше Бојан. „Само да потрае така. Ден, два, не повеќе. Да се преполови снегот, да легне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакаше и нив да ги учи на месо, зашто потоа сигурно не ќе сакаат да јадат од лебот што уште го имаше, не ќе сакаат да јадат компири, што ако потраеше снежната опсада, ќе им бидат храна и нему и на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак тоа беше заблуда и не потраа долго, ѕидот, набргу беше бело варосан и насекаде на неговата површина испишавме црвени пароли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Слетаа во мугрите, со росата. Бракот потраја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа потраја така многу години. А тогаш, одненадеж, работата за него значително се измени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во казанот на вријабецот што потраја доста долго, Дедо Мраз и убавицата стоеја прегрнати молкум, со стокмени палци едендругому.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И двајцата знаеја - на некој начин тоа им беше постојано во свеста - дека ова што се случува не може да потрае долго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Може уште долго да потрае“, рече О'Брајан. „Ти си тежок случај. Но не губи надеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само нека потрае, ѝ посака во душата... * * * ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе