посмее св.

посмее (св.)

Ајде, посмеј се и ти, запеј им некоја за нив да видат како боли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како би посмеала таа - млада невеста, да се оплакува штом старите решиле Крстан да оди.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ друго остануваше далеку од него, дури и оној зачуден поглед на неговото јаренце на прагот не беше во состојба да го натера да се посмее.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше едно тешко чувство, една растргана тишина, од која нему устата сама му се искривуваше, не знаејќи дали да се посмее, или пак да се скамени во тој грч што одбива.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега со метлата ја собра и она половинка од недопушената цигара, се посмеа кога си спомна како ја тресна ноќеска Претседателот таа половинка цигара, пред да стане да пука, или додека стануваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаат да заофкаат зашто така ќе им е полесно да ја истрпат болката, можат да се молат, секој на свој јазик и на свој господ, и молчат: православецот ќе му се посмее на исламецот, исламецот на православецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не лути ми се, немаш зашто. Сакаш ли да се посмееме?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ако сакаш да се посмееме, дојди да го видиш треварот Никола како спие в плевна. Спие и зборува сешто.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Оф, тоа да не си посмеала, Ѕвездо моја! Тие што оделе велеле - Далечините биле гладни глутници!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)