помодрен прид.

помодрен (прид.)

На помодреното лице беше замрзната грозната гримаса на тукушто свршената агонија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со помодрените усни правеше некакви движења, да каже нешто, да изрази нешто, но ништо не ѝ успеваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ноктите помодрени, никаде нема живот, запрена воденица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влажен и помодрен, жив костур со крвави очи, се тресел згрчен на земја и тешко кашлајќи ја повторувал заканата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се врти, целиот е помодрен... Ми се навртува мене...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Џинот во него се поткрена и тој подждригна низ помодрените усни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не се осмели да ја заврти главата ни за милиметар, но нејзиното помодрено лице повремено се појавуваше на крајот од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Модрици по телото, очај во душата, чиста рапсодија и ужасна мелодија во умот за нагрдената убавина и помодрената слика на платното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Обајцата имаат помодрени лица и окрвавени униформи. Седнаа еден до друг.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)