пире ср.
пиреј м.

пире (ср.)

Разбра или не разбра, ќе ми вели. Ако не разбра, и тебе ќе ти речам: пире, пире, и ти ќе влезеш во купчено, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јон зема секира и една рака пченка и почна да ги ваби: пире, пире, пире, ги ваби кокошките и која како дојди, фатија ја и пум со секирата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И вика: пире, пире, пире, и ги фаќа една по една кокошките, ги коле. Фаќај, коли, фрлај. Куп.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ручаме пире од грашок со месо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пире, пире, ќе дојде подобро време. И пак паѓаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пире, пире, им викаат Паун Радевски и Филип Хаџиевски, седнати во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инхерентната тишина е еквивалентна на одрекувањето на волјата. „Дремејќи млатам пире“.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И побегна во куќа во која сѐ е од кеса, како супа од петел, пире од Маги, а за десерт – пудинг од ванила, од кеса, се разбира.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)