отскочен прид.

отскочен (прид.)

Повеќе го сакам другиот начин на мислење кога секоја следна мисла се одбива од претходната, според принципот на трамбулина - се отфрла од отскочната даска.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Трајанка беше како трамболина, отскочна даска на животот од која далеку се достигнува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)