опсесија ж.

опсесија (ж.)

Гринавеј е ироничен и кон некои други островски опсесии, н. пр. кон злоупотребата на деца (...), или кон расизмот...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мотивите нараснаа во јасни опсесии: водата и давењето, птици, катастрофи од историјата на природата, тајни заговори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со тоа женскиот лик го помага тој саркастичен удар на Гринавеј како една целисходно изведена доследност на тематски опсесии што континуирано ја проникнуваат неговата работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој откако го сослуша, му рече дека се работи за опсесија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вистинскиот пилот ништо на светот не го интересира освен реката, и гордоста со која тој ѝ пристапува на својата опсесија ја надминува гордоста на кралевите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој и самиот стана ѕвезда, културен херој, откако детално ја обработи својата опсесија за животот на ѕвездата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во САД една проминентна инстанца на оваа опсесија на завера може да се препознае во The New World Order на Пет Робертсон, но, како што неодамна видовме, има и многу други.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Потребата да се тетовирате станува опсесија, некаков вид племенски порив. ÂÂ Дали е променет вашиот однос кон телото откако дознавте дека сте ХИВ позитивен? ÂÂ Тешко прашање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Логиката на Дикинсон е слична: ако постои портрет на вонземјанин постои и нашата хистерична опсесија со вонземјаните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Несфатливо многу го одбиваше тој безкрупулозен, ладен деспот, чија единствена опсесија беа парите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таткото во своите опсесии го поддржува еден руски емигрант спасен од сталинизмот и еден негов тукашен соработник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе се сетам на времето од пред две – три години и на мојата најголема и најтажна опсесија – дека годините ми минуваат, сите некаде одат во странство, а јас преку граница не сум мрднала, и дека којзнае кога и дали воопшто некогаш ќе ми се случи, ми доаѓа самата себе да си се изнасмеам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев збунет. Другите времиња беа нејзина опсесија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем можела некои мои постапки да ги протолкува како подршка на идејата за другото време, за крилата, што ќе ѝ помогнат да го посети тој непознат свет што одамна беше нејзина опсесија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш видов дека има една мера на опсесија во неговите трагања.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ѓаволу волшебен, опсесијо! Опсесијо моја, време се навикнувам на тебе се навикнувам на себе па почнувам и јас, налик на владетел семожен да мислам. Да се умислувам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе