омрлушен прид.

омрлушен (прид.)

И лежам крај неа, вели, целиот глибав, омрлушен и смекнат. Ко перница со плева, вели, ко раскиснат снег. Дури и коските ги сеќавам дека ми се празни и меки, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во омарнината, без штит на благотворна сенка, Кукулино, лежеше на жедна, мртва, испукана земја како омрлушен пес, збивтав, отфрлен, заборавен, старо животно скоро без пулсација под измитарената кожа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сета сум омаена, омрлушена во снагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)