оловен прид.

оловен (прид.)

Оловниот куршум не погоди овојпат ништо. Сиот избезумен, мажи да паѓаат виде.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Првите капки на мајскиот, оловно тежок дожд затропаа по покривот на ламаринената фордова каросерија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во далечина, во оловната, мртовечка далечина, гракаат гаврани. Поцрни се отколку лете, и погладни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во толпата сите личеа еден на друг, тие сиви оловни војничиња од агол на некоја детска соба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога го чу својот глас, развлечен и матен како закан, како порој на оловни слогови кој не ги бришеше сенките на патот туку ги оживуваше, го влечеше по себе сенките-сведоци или јатаци, сеедно, до една бездна во која беше сѐ непознато и над која веќе немаше ништо освен ехото на тие слогови - „Да живеат сите ножови на светот!“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги дигна стежнатите очни клепки и виде над себе тројца оловни војничиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А над таа бела тишина се наклопило сиво небо и притиска како оловна плоча.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кратко и силно потсвирнуваат над неговата глава оловни зрна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ наоколу исчезнуваше во некакво оловно сенеење, а тие во него остануваа сосема сами.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше увиснат во таа изумрена просторија, а сите болки во неговото тело веќе почнуваа да се здрвуваат и да завиваат во секој зглоб, со својата остината оловна грутка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секое од тие шилести оловни зрна, што беа многу помалечки од врвот на неговиот малечок прст, при среќна околност би можело да му донесе по еден доста богат кус месо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дваесет огнени пушки згрмеа, дваесет жешки оловни зрна се забија во крв и месо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Засирените капки удираа тешко, како оловни сачми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како на сон кога сакаш да викнеш а не можеш или кога сакаш да бегаш а ни чекор не можеш да направиш од некоја оловна тежина во нозете.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Долгата употреба на овие средства може да резултира со оштетување на црниот дроб, бубрезите, оштетувања на мозокот и оловно труење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Држеше долг камшик од кожа со оловна кугла на крајот, но не го употребуваше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Потоа, некој громовлив, оловен глас, опомена: „Господине, ти ја давам блиц - сликава бидејќи си писател.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како оловен ѕвон му се вратија зборовите: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога утрината се разбудив, главата ми беше тешка како оловно ѓуле; пиев цела ноќ со Земанек во студентскиот бар, каде пристапот на средношколци им беше забранет, но Земанек и јас имавме еден пријател (брат на контрабасистот од нашето несудено џез- трио).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе