оддалечен прид.
оддалеченост ж.

оддалечен (прид.)

Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквиот правец при оддалечувањето од географскиот центар се објаснува со тоа што тие краишта се од поголемо историско значење за Македонија, а од друга страна, тие се пооддалечени и од српскиот и од бугарскиот јазичен центар, составувајќи од себе македонски јазичен центар.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кој ќе разбере седејќи в село шеесет километри оддалечен од Прилеп?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стравот, роден во глувата осаменост на ќелијата, ја беше загубил својата острина, стоеше затулен, магличест и оддалечен некаде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор го завлечка Арса во оддалечениот агол, до разурнатиот оџак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Колку повеќе се будеше, сѐ поодредено разбираше дека она одвратното и навредливото е токму тоа што постои, а она што го прекина овој смел глас е така полнолико гордо, силно и младо и сета негова намачена душа жедува за она што веќе не постои и што престанало да биде живот и се претворило во некаква оддалечена светлина а без која е тескобно и мрачно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ни беше определен хотел, оддалечен четириесетина километри, во Солинген, познат центар на челичната индустрија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Патролите одат како на двесте чекори оддалечени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа Константин е можеби повеќе напрегнат додека го слуша збивањето на другиот и со слух може да пресмета колку е тој оддалечен од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Манастирот со населбите има добри врски по суво и по вода со Подградец, кој е оддалечен само шест километри, додека за Охрид кој е оддалечен триесетина километри, има само коњска патека низ планината што ја видовме кога доаѓавме како изгледа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
до госпоѓицата осуденик допираат само крпчиња пареа од одалечениот свет- бледите испарувања се распрснуваат низ шумата- нема каде да се оди- за госпоѓицата осуденик нема ни најмало патче- таа всушност и не постои- дише чекори зборува дури се храни и води љубов но животот прекинал со неа ни здивче ветер- во шумата сум- во салата сум-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа е смислата на хоризонтот, затоа тој е еднакво оддалечен од тебе и евентуално поширок.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Плус нејзината ќеркичка која мирно спиеше во собата само два метра оддалечена од нив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Часовникот отчукуваше со својот оддалечен звук во светот на кујната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од отворениот куфер се растури неговата црна униформа, како црна маглина, со ѕвездите што блескаа ваму-таму, оддалечени, во материјалот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Странците беа внимателни, со своите моќни објективи запираа покрај оддалечената борова шума.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фотографијата на Дишан од 1945 година од мене е оддалечена еден метар и ме гледа. Тој поглед им вели, особено на младите: Кој си ти? Што ни носиш?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како издвоен фрагмент на една оддалечена и малку позната цивилизација, тој текст сепак не бил нешто необично; ете што го копкало Гете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе