одгласи св.
одглас м.

одгласи (св.)

И едно по друго од другите жени два хора, одгласувајќи ко ѕвона, за животи редеа што рекол Кузман и сторил.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кучката му се одгласи од некаде со весело лаење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нивниот приод е космички и доколку во моите песни го има космосот, тие ќе го чујат и ќе се одгласат. ...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Еве, поради сево ова, јас ќе се обидам само да си ги возобновам оние мигови од мојот живот кој подоцна се преобразиле и се преобразуваат, едноставно се одгласиле и се одгласуваат од систем на зборови и мисли.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Низ неа проговоруваат и природата и оној долу во дамнината, некаде во четвртто ледено доба, над дваесет илјади години пред нашата ера, кога ги забележал своите пештерски цртежи, и оној, далеку во иднината што веќе го наслушува нашиот глас и, ене, се одгласува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Или побуната е повеќе на подрачјето на изменетиот сензибилитет, против еден воспоставен и признат пејсаж што веќе нема одгласи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не треба некој да ме уверува дека тоа не се одгласите на стравот, бидејќи знаев дека цепутката што го начнала лакот на бирото нема да запре каде што се наоѓа во овој момент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На многу им станаа коска в грло... да ги снема... - се одгласи некој, ама никој не му го виде лицето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А ти, сестро, да не си ѝ мајка на чупата? – праша пониската, цела во црнина. - Мајка ми е - се одгласи Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нели е така, а? - се одгласи Аргир. - Ајде, бре, шутрак ниеден, што знаеш ти за народните непријатили?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)