оголи св.

оголи (св.)

Багремите и дрвјата во градот пожолтеа и почнаа да оголуваат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затворот се издигаше на висок рид, жестоко оголен од ветрови и сонце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Светилките треперат бледи низ оголените гранки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А стеблото оголено уште кон небото ја колне подмолноста на болката што ја дебне убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ги оголуваме корењата од шиповите, од трњето, од козолците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околу нас сѐ е празно, сиво. Само по некој оголен трн се ниша на ветрот, по некој глог се црнее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога ја оголивме белата коска, гледам чудни знаци. Не е писмо, а како писмо се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми бегаат пред очи полињата и оголените шуми: црешните и маслинките, прецветаните и насланети тутуни, откатените диви костени...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пасматри, вели, и се слекува, се пресламчува пред мене ко 'ртка, ко оголен стап.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги вкопуваат нозете во измиената, речиси оголена земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во дното на душата стравуваше од некој друг оголен остров на Јадранот, знаеше дека ги има многу, но не можеше да живее понатаму ако не го слушаше длабоко во себе и не го искажуваше диктатот на своите идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)