овошје ср.

овошје (ср.)

Наоколу поредени маси. Многу маси... Море од шишиња со разни пијалаци; кристални посуди со јужно овошје, торти, чоколади...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој ден изнесуваше сѐ појаки аргументи: млекото, месото, јајцата, овошјето, па уште ладна вода, пиво, сладолед...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секако таа долина беше и повисоко, зашто напролет снегот таму подоцна се топеше, а и некои видови овошје, круши и сливи, таму не вирееја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом се искачи горе, Бојан прво застана, полнејќи си ги градите со опивната миризба, настаната од здружувањето на сите миризби што ги испуштаа сеното, сламата, овошјето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вашиот дебармалски комплекс инфериорум ви се заканува со прст и ве предупредува дека Сара Херцог е забрането овошје кое не го заслужувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Човек треба специјално да се вооружи со трпение, ако реши да купува било што - од леб, заленчук и овошје, па сѐ таму до најобични нешта во трговските магазини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие дни имаше многу банани и портокали, а секој берлинчанец се трудеше да ги наполни што повеќе торбите со ова јужно овошје...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На безброј места крај самиот пат, речиси пред секое село, се организираат минијатурни изложби на убави и големи јаболка, на грозје, на сето овошје и зеленчук што виреат во овој крај а, крај секоја од изложбите, девојки во живописна влашка носија точат шира штотуку исцедена од слаткото грозје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се планира да се произведе толку и толку жито, овошје, зеленчук и друго.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се враќаме пак во собата, зачадена од цигари и од миризби на овошје.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа, двајцата влезени во гробот над главата на стрика Анѓела ставаат барде со вода, на градите поскура завиткана во крпа и земјена ваганка со овоштија, па прикрепувајќи се еден со друг и подземани за рака од другите мажи излегуваат од гробот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но подоцна почнал да се плаши од соседот кој му се заканил дека ќе го претепа затоа што го видел каде што му краде овошје во бавчата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најпосле „Овоштарница“, но внатре плодовите беа вообичаени. – Постои ли во градов специјализирана продавница за јужно овошје? – Како да не! – се насмеа момичето со живи очи – Продолжете право, па по втората уличка на лево ќе избиете кај плоштадот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Луда сум по егзотичните нешта – благо се насмевна таа.. – За среќа, во мојот град постои продавница за јужно овошје. И секогаш е свежо.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Пливам по снегот, а нешто ми примирисува на диња, на кајсија, на варено овошје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пославме шарено чергиче и Тета ја отвори плетената кошница во која имаше сендвичи, колачи, овошје и сок во термосот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Манго е едно овошје што мама и тато го јаделе во Египет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе