нумерира св. и несв.

нумерира (св. и несв.)

И денеска на ќошот од Влашкиот ан на средсело се познаваат натписите: Лудвигштрасе, Вилхелмштрасе итн., останати од Првата светска војна, кога германските окупациони војски ги преименуваа улиците и ги нумерираа куќите за своја сметка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секако на Мариовците ниту им текнуваше да ги нумерираат, ниту пак им беа потребни броеви, бидејќи сите в село лично се познаваа, та немаше нужда да се бараат по броеви.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)