ношви само мн.

ношви (само мн.)

XI Гладот, што како стрвина се нафрли врз селото, постојано и сѐ повеќе се вовлекуваше во празните амбари и ношви и ненаситно лиже, гризе и сотира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа ги отвори и прозорците на другите одаи во куќата и на сите простории; ги отвори и долапите, и шкафчињата, и ковчезите, и ношвите и сѐ што можеше да се отвори во куќата - за да се истисне отсекаде воздухот што го дишел Илко, сѐ да се испроветрее.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ставив и залак во ношвите пред зајдисонце, го изедов изутрината при изгрејсонце, ги истрив рацете низ сребрени склопци...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дома за Циљка беа и полните амбари со пченица и брашно и ношвите и кр’нгот и тепсијата и черепната и сачот и сукалото...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одвај пркната и заодена, секогаш се врткаше околу мајка Фимка и од неа научи од вечера да зафати леб - во земнено черепче подновуваше квасец, а утредента, во рано утро замесуваше во ношвите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)