нејак прид.

нејак (прид.)

И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Рака му слаба нејака но очи молскат јаросно и срце врие, стануе за страшна лута одмазда.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Тлееја Македонците и на грб нејак влечеа крвава двојна робија: едната како славјани, со јазик туѓ и негрчки, другата како аргати што сакат да прегледаат, да видат бел ден радосен, заедно со народите на Балкан братски здружен во една федерациа.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Сега знаеше дека горнопланинците, оние отаде нејакиот поток кај што земјата подѕирнува тап камен, не можеа да се пофалат со сит живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Море над глава, море познато само од возбудливите свески за гусари а на него бела пена - облачиња, нејаки, нежни, недопирливи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но нивните румени прсти ѝ се опираат смрзнати и нејаки и слаби црпејќи последни сили во топлиот сон за зелено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во темницата ми се стори ситна и нејака, твоите солзи уште повеќе ги печеа врвовите на моите прсти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
При бледата нејака светлост, лицето на акробатот станува туѓо, непознато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Трите нејаки маслинки. Железната ограда на мостот. Загреаната ложа на театарот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа му недостасуваше, нејака и танка, со пена густа коса зад ушите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Дојдов тука“ , рече брат му. „Ти знаеш дека не пијам.“ Беше изменет и изгледаше како некој друг, непознат за Отец Симеон; имаше закажарени дамки на образите, проредена, нејака коса, тапа брада под белите усни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие веќе не се чувствуваа мали, со тажно обесени веѓи и нејаки, како урочени: мрдаа со ушите и гледаа со двете очи кон коренот на своите носови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ама кај ќе одите, нејаки жени, вели Огнен Горго, кај ќе одите, сега, сами?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ја држам за аливцата, Таа ми се истргува, а јас ја држам, ама сум нејака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Детето е уште нејако, сега, пред жнеењето шест години наполни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
...раката подигната во мигот да го заштити лицето од ненадејниот блесок и додека сечивото на светлината се забива во неа низ сенката низ слабоста на погледот препознавам како утрото истечува од случајно превртената шоља за чај лизгајќи се по жолтеникавата мирисна патека долж која треперат ларвите на прекршениот бескрај... ...тогаш низ напукнатите ѕидови на воздухот што раката ги распорува на повратокот кон долу твоите заробени очи на презреана девојка безгласни а сепак меланхоничниот звук на флејтата очите твои нејаки оази на осамените ноќи сред сјајниот цут на светлото потиснат шепот на бледите траги по врелите јужни патишта...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе