неупадлив прид.

неупадлив (прид.)

Тоа била, во дамнешните времиња, таканаречена врата за послуга; беше неупадлива, тесна, одвај забележлива во сенката.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто, дури и обичните културни артефакти содржат огромни фигуративни можности, а машките геј- културни практики честопати подразбираат мобилизирање на фигуративниот потенцијал на навидум неупадливите предмети земени здраво за готово.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)