нето (прид.)

Се додаде и нова одредба според која средствата потребни за исплаќање на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување во висина од две просечни нето плати ги покрива државата, а, доколку разликата од нето платата го надмине овој износ, средствата за придонеси ги плаќа работодавецот (чл. 8, ЗИДЗВИЛ/јул.05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно ова, во побарувања од повисок исплатен ред спаѓаат нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните три месеца пред отворањето на стечајната постапка; обештетување за повредите при работа кои што работникот ги претрпел кај должникот, како и за професионални заболувања и неисплатени надоместоци на платите за времетраењето на неискористениот редовен годишен одмор за тековната календарска година (чл. 117).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Наместо претходното ниво на приход од авторски договор, вршење занаетчиски и други работи со висина од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството, критериум стана нивото на приход од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката (чл. 6, ЗИДЗВОСН/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Организаторот на штрајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот (чл. 241, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Минатото ќе ја истисне иднината од садот денешен. Не сакаме нето разочарувања.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Покрај тоа се предвидува граѓаните да поднесат изјава за остварените нето приходи за да може да ги остваруваат своите права од здравствено осигурување во образец чија содржина и форма се пропишани од страна на министерот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
16 Согласно чл. 4 од Законот за измена на Законот за минимална плата во Република Македонија (бр. 30/14) минималната плата за 2015 година ќе изнесува 9.590 денари во нето износ, освен за одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа чија висина ќе изнесува 8.050 денари во нето износ, измена која уште еднаш го потврдува дискриминаторскиот карактер на законот кон работниците во овие индустриски гранки.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)