неразгазен прид.

неразгазен (прид.)

Секогаш сакаше да избрза напред и дури кога ќе се оддалечеше од оние двајца назад можеше да биде задоволен што е сам во таа неразгазена белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше сеедно исто како што му беше сеедно кога рече дека може да дојде ваму сам, кога се согласи да дојде и да остане тука сам, исто онака како што му беше сеедно додека чекореше сиот поминат ден напред по неразгазената белина на снегот и кога не се погрижи ниеднаш дали оние двајца продолжуваат да идат по него и дали им е ним полесно да чекорат по разгазената трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме стега нешто ко неразгазен чевел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во 'рж ... стари пејзажи, литографска идила на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)