некому зам.
некој зам.

некому (зам.)

Ако му се родило некому- попот треба да му мисли за крштевање.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Чуј – почна светлокосиот, гледајќи го право во очите. – Ќе ти кажам, ама мисли му ако гркнеш некому.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во тешка, неразбирлива и неполезна себичност, тие сакаа да се допаднат некому и секогаш се истакнуваа со нешто случајно и смешно што кај мене подоцна предизвика нејасен презир и гомарни сомневања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А ти кажа ли некому за она, копањето? Не си кажал. Одлично. Таков те сакам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Судеше, кога беше вон од сѐ и над сѐ, некому што личеше на него и што доживуваше или доживеал малку порано нешто што требаше тој да го доживее. Внимаваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
8. Три дни Отец Симеон пиеше како носач на парите на браќата и обземен од некои чувства, како да не беше тој оној Отец Симеон од некогашните крчми, сакаше некому да му каже сѐ што мисли и сѐ што знае за себе и за животот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сепак, можам некому да помогнам - на двајца дождалци и на еден коњ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Никогаш не му верував на стариот но тој претскажуваше некому робија.“ „Веруваш во тоа претскажување?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
НОВЕ: Господине Божо, треба ли помош? ЈАКОВ: Во жаргонот на мојот школоки другар тоа значи треба ли некому да му скрши 'рбет со пендрек.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа често плетеше такви чорапи и, веројатно, ги даваше некому да ги продава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако некому некогаш му се припее, си пее во себе за да не ги пресече другите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако дадеме некому нешто, сакаме да се пофалиме дека сме дале и сакаме да ни се изрази благодарност. Тоа е грдо.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Морам некому да му кажам. Никому не бев му кажала за тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако имаме некому нешто да му забележиме, да го критикуваме, како што се вели, можеме да го сториме и на убав начин, со убави зборови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А некому кожата му е стара и танка, не му се шие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушај го ова! Пак чита: „Речи му некому да ти напише писмо и да ми кажеш како го врзувате животот, како го туркате.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе