неказнет прид.

неказнет (прид.)

Тие нема да дозволат еден таков излив да помине неказнет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали е анонимноста, безбедноста, сигурноста од неказнување и непрепознавање таа што го овозможува оргазмичкото искуство кај толпата која се поистоветува со маскираниот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Неказнето по серпентините! Зарем не рече така? - му се обратив на Б . С . - Да, ми се чини реков. Но не мораш да ме цитираш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, тоа не остана неказнето. Се случи да наиде на уште поголемо и полошо ѕверче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)