неизмиен прид.

неизмиен (прид.)

Во алиштата искинати – испарталавени, речиси голи, со изгорени градници и плеќи, неизбричени, нестрижени, разбушавени, неизмиени, испиени во лицата, пропаднати во очите, бетер и од најслабата крава или магаре.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го прерипувам сонот. А и сон не се кажува неизмиен образ, си мелам, и одам на јазот да ги заплакнам очите, лицево. 56
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ашлаку неизмиен, рекла. - Кој тебе ќе те пушти да брцаш во мед за да си ги излижеш прстите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ехе! – се насмеа белиот патник пред ококорените неизмиени сиромаси – иако не верувам дека сум токму тој што си го замислувате, ќе се обидам да ви донесам троа радост и среќа, особено на вашиве дечиња!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Огнот полека се смалуваше, нафрланите штици, дрвца и гранки догоруваа, пламењата иако исправени одвај ги белееа столбовите што се наоколу, а неизбричените и неизмиени лица и покрај бакарните плисоци, ги правеше нестварни и заплашувачки.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неисчешлан, со неизмиени заби и облечен во стари зелени тренерки, ги грабна кесите што се прелеваа од корупки јајца и мирисаа на паштета, ја отвори вратата и симнувајќи се по скалите ја здогледа неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)