неблагороден прид.

неблагороден (прид.)

Чанга го револтираше неблагородната душа на сите пресити луѓе кои беа готови да се ослободат од козата, како од грдо, понизно и лакомо животно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Би било преопширно да се навлегува во значењето на алхемијата, во бесконечниот процес кој, претворајќи го (симболично) неблагородниот материјал во злато, ја постигнува светлината и соединувањето со помош на темнината и расчленувањето - тој процес асоцира на урамнотежување на нескладноста внатре во идеалот на длабокото соединување на спротивностите (митскиот мотив на андрогинот), но, исто така го предвидува цикличното и дијалектичкото повторно добивање на контрастот, во една непрекината трансформација, чијашто точка на исчезнување, перманентно оддалечувајќи се, е Утопија (златото, каменот на мудроста).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вербално, пак, навалував кон неблагородноста на ваквата професија и контрадикторноста со реалните интелектуални способности на нејзиниот сопственик, до онаа мера која ги претвори во пискливи звуци неговите објаснувања: – Ќе полудам - извика - од овие дедовци и баби со кои живеам!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)