небески прид.

небески (прид.)

И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Времето се растргна. Меѓу облаците почнаа да се откриваат сини небески бездни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И видов дојките нејзини кои светлината небеска како ѝ се поткреваа и чув Бог како ѝ довикна: Марија, веќе зора е... Така ми исчезна во сонот Во птица престорена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Велам: погледот на некои небески очи како топла постела за да заспијат децата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Само небескиот живот е бесконечен, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но најпрво откога ќе измешавме сѐ, откога целиот небески свод ќе го удревме наопаку, Метеорот помирливо ќе речеше: - Добро де, будалчиња едни, што сте запнале толку, што е тоа најважно, Сонцето или Земјата, Земјата или Сонцето, сеедно, важно да знаете дека се движат, важно нешто се движи, доволно е толку!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа рече господ: да создадеме човек по своја лика-прилика како што сме ние и кој ќе биде господар на риби морски и птици небески и на животни од сета земја и на ѕверови што се движат по земјата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот бездруго брзал да го најде утрешниот младоженец и да му каже со насилена насмевка дека ангелите од Откровението на светецот Јован Богослов не бранат маж без жена и жена без маж да се земат, секако во љубомората повикувајќи ги во себе русоглавите небески жители да дојдат и да го престорат среќникот во жабок под кожув; желудникот го болел од пакост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но појдовната точка на Duchamp за неговата „Велска вода“ - „Темјанушкината вода“ (Eau de Violette) -уште повеќе ја збогатува играта со зборови. 92 Алхемичарите ѕвездите што паѓаат ги нарекувале “небески цветови”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во јазикот на алхемијата, удиралката за пченица („небеското“ - бидејќи алхемијата е „небеско земјоделство“), Вознесението на Богородица, соблекувањето на невестата - сето тоа се метафори кои имаат исто значење: чистење - уситнување на нештата и нивно претворање во сребро и злато, или подобро во „камен на мудреците“ кој се споредувал со кристалот. 196 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ослободен од товарот на небеската или адската населба, современиот град го напушта полето на алегоријата, додека високата организација на животот го потиснува неговиот карневалски израз.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Гледаме „тројца писари, а сите тројца заедно имаат две раце“, гледаме накази и чудесија, момче „прекриено со пот од бела крв“, застрашувачки суштества од морските длабочини и небески височини, цела една низа на „фасцинирачки пореметувања“. Arcimboldo inverno 232 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа наша ѕвезда водилка на семејната судбина во небеската геометрија на егзилот, остануваше како наша последна татковина – надеж.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нема никакви шанси за корекција во некој друг, небески свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Билет за царството небеско... билет за рајот... - И што со Бога?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рене минуваше низ градината. Беше лето; зевалиците ја нишкаа небеската синевина, ружите цутеа, милно потсечени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А ако в туѓина останеш и таму завршиш, коските никогаш не ќе ти ги стопи туѓата земја и од нив душата не ќе го најде излезот небески...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе