најодговорен прид.

најодговорен (прид.)

Беше позагрижен можеби од сите, со најодговорна свест, не можеше да му помогне на пријателот на својот живот кога вистински му беше најтешко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)