накострешен прид.

накострешен (прид.)

На плоштадот, меѓу сините гулаби, лежеа накострешени стаорци и ги мереа со крвави очи минувачите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И изгледаше така: накострешен, исклештен, страшен змеј од китајска свила. „Слушај, слуго господов“, цедеше бел пенлив отров.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Накострешен и начулен Арсо чекаше. Гледаше вџашено во студеното и далечно блескотење на ѕвездите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Етхем-паша е накострешен. Тој му забележува дека ги поминал границите на пристојноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Накострешената фигура на Глигора заплашувајќи се наведна над чуварот и овој се посмали и стивна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Проклета! Пламвнав целиот накострешен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А јас чекав ... Ја чекав наострен и накострешен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Професорот Пол отпи голтка и подждригнувајќи како змеј, изјави: „Ајкулата не е риба, а ако е риба, тогаш е и црв, огромен накострешен црв.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По една лепеза од зелени рскавици прекриени со шупливи, накострешени влакна, преку која Рептилите ја земаат таа течност, им стрчи зад секое уво. 18 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Малата глава со невидено накострешена коса, наклапушени уши, танки нозе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Изигруваше панкер и можеби ја зашеметуваше месечината со својата накострешена златна коса.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш влезе Фискултурецот во игра; беше накострешен, како паун, како онојпат кога пееше во Стоби; праша: „Што ви значи потписот на есејот, Соломон-909?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Михајло чекаше со мустачињата накострешени и со очи кои не можеше сосема да ги насрчи напред, зашто му гледаа едноводруго под ниското чело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Понекогаш ќе заземеа предизвикувачки став, ќе си ги истегнеа накострешените шии, ќе си ги исчистеа пердувите, долго ќе гледаа еден во друг, но секогаш едниот или другиот ќе се повлечеше назад.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)