нагледен прид.

нагледен (прид.)

41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еднаш неделно ветеринарот Скрез ги собираше луѓето на средсело и им покажуваше нагледно со бикот како треба да се врзуваат кравите и каква положба треба да имаат за да можат што подобро да се спарат со бикот и што подобро да се оплодат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури кај одмаралиштето таа повторно се свртува кон мене за да ми објаснела дека за жал добитоткот, за разлика од луѓето, побавно ги сфаќал нагледните примери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко планираше крајот на работата да биде теоретски и нагледен, односно да биде означен со заедничка вечера со мени од нивната листа на најрепрезентативните јадења со османскотурски заемки кои беа задржани во балканските јазици и кујни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да го правиш добро, можеби некој (геј или стрејт) ќе треба да ти покаже како се прави тоа, некој кому тоа веќе добро му оди и што ќе може да те иницира во тоа – покажувајќи ти, и тоа нагледно, како да го практикуваш и обучувајќи те ти самиот да правиш како што треба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)