набоде св.

набоде (св.)

Проштавај, куме! Што дал господ! (Вади од пазува раскречена виљушка, набодува една дробенка и му дава на кумот.) На, куме, мезе! Декшавај!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Црни очи, црни веѓи а ете и мустачињата црни му набоднале и го украсиле белото лице како вистинска икона од свети Јована Крстител.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Своите гради да му ги понесеш на стражарот за да ги набоде на штикот!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сум чула за една птица која умира, набодувајќи се на голем трн.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со стегнато срце и со мислата вратена кон тоа крваво време и кон овие момчиња и моми кои заборавени почиваат зад оваа `рѓосана бодликава жица, што е како единствено споменично обележје, еден по еден, низ оградата нежно ги спуштаме свежите каранфили, а потоа ја раскопуваме земјата, ја собираме купче и во него набодуваме свеќи и, клечејќи, ги запалуваме... да има малку светлина за душите на тие кои се фрлени во бездната на заборавот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Случајно, ако му текне на народниот непријател да посака да влезе внатре, демек, на неа да се набоди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Баба ја набоди фурката под мишка, ја оптегна каделата и одмерено го врти вретеното и сучи бел конец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)