мобинг м.

мобинг (м.)

Извршител на мобинг може да биде едно или повеќе лица со негативно и тенденциозно однесување, без оглед на нивното својство – работодавач како физичко лице, претпоставен т.е. одговорно лице или, пак, друг работник- колега (чл. 1, ЗИДЗРО/септ.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе уште и стриктна забрана за секаков вид психичко вознемирување на работно место – мобинг.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
10.  Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе и институтот психичко вознемирување на работно место [„мобинг“], кое се дефинира како: негативно однесување од поединец или група кое често се повторува – најмалку во период од шест месеци – а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Извршител на мобинг може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување – без оглед на нивното својство [на пример, тоа може да биде работодавачот како физичко лице, одговорното лице т.е. претпоставениот шеф, раководител или директор или, пак, друг работник т.е „колега“ на вработениот] (в. чл. 9-а, ст.3-4 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според МОТ мобингот претставува: „навредливо однесување кое се манифестира преку одмаздољубиви, сурови, злонамерни и понижувачки обиди да се саботира поединец или група вработени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место или т.н. мобинг.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)