минута ж.

минута (ж.)

Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По неколку минути пак ќе ме скорнеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оганот се разгоре, а невестата се врати ја кладе тавата та сланината почна да пишти. Не поминаа ни десет петнаесет минути, ете ти една, „чума“ кај Карабуклиови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Срцата им прваа на двајцата кога се фатија за раце и се подржаа една две минути.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дојде време Доста да стигне. Митра е покрај неа и во најтешките минути.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од благодарност, секогаш штом една минутка ќе немаше своја работа, ќе одеше кај некого од селаните да го праша дали нема да му сработи нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гавазот излезе и по минута време влезе кај силниот везир јаничар на триесет до триесет и пет години.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
После, сите по мене да го втасаме Митрета – им ги рече старецот овие зборови и тргна напред, а тие по него. He одеа ни пет минути, застанаа пред една висока затворена порта зад која во дворот крај самото кале се издигаше конакот на кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе поминат десет минути, уште десет ќе поминат и еве ти го Мирко пак.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не, „само една минута ќе останам“ - си рече дајреџијата и посегна кон вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Минутите си врвеа. Се заредија и часови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе поминат десетина минути, ќе поминат дваесетина, триесетина и вратите пак ќе се растропаат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Има веќе цели дваесет минути само го полниш и го празниш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: Возот, возот задоцни дваесет и седум минути.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што ме гледаш така? Да. По неколку минути, сето ова ќе биде само една епизода за која веќе по три дена никој нема да си спомнува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Зградата ќе летне во воздух само по две минути.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само пет минути пред тоа непознато лице го извести директорот, некој си Французин Берже и тој остана жив, но премногу уплашен и растроен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Џелатот нема да го изненади, тој го очекуваше сега, по една минута, по две минути.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше многу работи за дивите кози. Знаеше како треба да се ловат сите дивинки, но за дивите кози тој сега просто почувствува по својата кожа како му се приближуваат оние волшебните пет минути, што се потребни за тој лов, исто како што е потребна и пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе