менажерија ж.

менажерија (ж.)

Не, јас нема да бидам како мојот збудален московски познаник Жења којшто својот стан го претрупал со аквариуми - и на крајот (ах, тој советски фушерај!) со својата водена менажерија пропаднал еден спрат подолу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тука почна да се формира уметничката менажерија позната како група Зеро.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Морам да признаам дека ни збор не разбрав од ставовите и аргументите на Биловата весела религиозна менажерија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)