маѓепсан прид.
маѓепса св.

маѓепсан (прид.)

Се качи на ѕидовите од зградата во која преку денот качуваше тули и вар. Како маѓепсан сега долго шеташе по нив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За сето време не можеше да направи ниено движење, онака скочането, маѓепсан и блед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, наеднаш немаше во себе ни трунка желба, ни да се помрдне, маѓепсан од таа зачмаеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А, всушност, никако не можев да се одделам од топлото, маѓепсано буниште.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И ете, како награда за сѐ беше изгубено, како во најубав сон, маѓепсани стоевме на тој брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Напладне се престоруваше во маѓепсано огледало во кое се огледуваа сите околни предели.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пак се вративме кај копчињата - небаре маѓепсани.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сѐ беше врзано во некаков проклет маѓепсан круг од кој тешко можеше да се ослободат секретарот, градоначалникот и сите други по ред.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаеше дека никој не е готов за решителниот чекор, зашто сите беа зависни и маѓепсани од козите, како што можеше да се теши...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Седам маѓепсан. „Ајде Џонс, излези оттаму. Ајде, побрзо. Мораме да си одиме!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
(213) Два скапоцени моменти, две скапоцени илузии: во претчувството за жена и за нејзиното поседување - илузијата на задоволството - и во сосема свежото искусување на нејзината загуба, додека сѐ уште сме маѓепсани, во илузијата на загубата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Перверзната минуциозност создава впечаток дека тоа не е дело на човечка, туку рака на џуџе, еден од жителите на маѓепсаната шума, кој на сликата ги овековечил другите со четкичка од пчелини влакна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Загледани, маѓепсани во светлината на неговото догорување, во тоа огромно смирено животно на животот, ја внесуваме неговата топлина преку кожата, со погледите од најдлабоките корени на нашите сеќавања и повиците за помнење на оние раскажувачи на ноќта, седнати околу огнот со засукани ракави.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И онака тешко зборуваме, како маѓепсани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Џулија дојде преку собата и застана до него; гледаа заедно долу, речиси како маѓепсани во моќната фигура под прозорецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Небото не беше со онаа зрачност како во лето, а сепак ѕвездено и, на некој начин, маѓепсно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе