машиновозач м.

машиновозач (м.)

Селскиот народноослободителен одбор е префрлен на друг крај од селото, во куќата на чичко Лозан, некогашен машиновозач.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Шефот извесно време гледа во високата фигура на машиновозачот, потем со глава му дава знак да седне во една од многуте фотељи и самиот станува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И додека точи чај, се обидува да ја открие смислата на посетата) Рековте дека сте машиновозач на вечерниот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„Црвенкапа“ (така го нареков оној чичко што му дава со свирење знак на машиновозачот да тргне возот), свирна и компзицијата се раздвижи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)