лојален прид.

лојален (прид.)

Ние сме задолжени да бидеме лојални поданици на Неговото Царско Величество Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЈАКОВ: Пропаѓа светот од честити и лојални граѓани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вие честито и лојално би живееле и во царство со кое владее стоглава ламја. Честитоста и лојалноста се релативна категорија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОЖО: Јас сум честит и лојален граѓанин на оваа земја.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние сме правоверни, ние сме лојални, ние сме западна култура, ние не сме ѕверови гладни за крв како нашите непријатели - крвчињата панично ѝ сугерираат на публиката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога размислувам за тоа време сега, сметам дека неговите искуства во Првата светска војна, во тенковскиот корпус во Африка, и во кралскиот воздухопловен корпус мора да оставиле голема трага во него, а и несреќниот живот со мајка ми... но тој никогаш не ми зборуваше што му значела „војната” лично и, како што си претставувам, имал премногу големо чувство на пристојност и лојалност кон неа за мене да ми зборува за таков вид нешта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што ќе стане со нив ако одеднаш ги збришеме со тој потег на лојалноста?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
МЕНТАЛНИ ВЕШТИНИ Ум програмиран со послушност Само-програмиран ум Од книги Љубопитен, со отворен ум Побожен, ја почитува официјалната Креативен-оригинален животен, не припаѓа религија кон организираните религии Лојален патриот што не поставува самоуверен, отворен, прашања
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овој контекст евидентно е дека партискиот апарат со најголем буџет за телевизиска кампања и маркетиншки способности за концентрирање на најтелегеничните, најповршните, најнакитените, злокобни теми (абортус, дроги, ветувања за лојалност, училишни теми, ослободувања од царини и шовинистички воинствен национализам), ќе се вивне во пировата победа со добивање на 25-процентното „мнозинство“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие не ѝ беа верни на Партијата, или на државата, или на идејата, тие си беа лојални еден на друг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чедноста беше длабоко всадена во нив, како еден вид партиска лојалност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тој ѝ соопштил: дека има укор пред исклучување од Партијата и дека има три месеци време да покаже дали ѝ е лојална на Партијата или не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше тогаш многу сомневања во неговата лојалност како довчерашен емигрант.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Водата, пак, лојална, се враќа дома, назад: океанот има широка душа првин ќе ѝ прости, потем ќе ѝ го покаже патот - кон амбисот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Откако во хор сите ќе се заколневме на лојалност кон социјалистичките идеали, станувавме пионери.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Јас му искажав лојалност веднаш по неговото враќање во земјата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе