липов прид.

липов (прид.)

Не сонуван туку оној ветар, стопан на улицата со липови дрвореди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На неговото лице, жолто како восок од липов мед, блеска сината зеница на здравото око...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гавранот, со натчовечки број децении под избледените и пак несветкави пердуви, е безгласен; стои на гола липова гранка над мене и немо го отвара клунот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Голем камион, забрзан, излезе од патот и, со сета сила, удри во двете липови стебла. Мајка остана стаписана.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)