леѓен м.

леѓен (м.)

Зела леген да го измие... Ете, зошто се жени човек, за такви редови!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Пак јас ќе ти кажам. Зашто пиеше вино со леген од дванаесет оки.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАРА: Кате, дај го ваму леѓенот и ѓумот, потури му на Пандета да си ги измие рацете.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кате, донеси го леѓенот и ѓумчето со вода да се измиеме, дан дојдат некој вака да нѐ најдат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Долу, под нив, поредени покрај ѕидот ноќви, стар ковчег за алишта, куфер, јорган завртен со спаѓа, торба со леб, неколку стомни и едно ѓумче со вода и леѓен. Напред неколку троножни столчиња.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Ангелија... Седеше в претрупана полутемна одаја на железен кревет и имаше златникаво зелени очи. Ѝ го подадов писмото и се наведнав над леѓенот во чија вода некаква ситна бубачка очајнички пливаше во круг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Под огледалото стои масичка, а врз неа - леѓен со вода. Поарно ќе е да се наплиска и освежи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сакам сѐ да наполниш со вода, велам, и грнци и котли и ѓумови и леѓени. Жената пак носи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Левтерија носи ѓум и леѓен и му потура вода да си го замие лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со едната рака го држи леѓенот, со другата ни поттура.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го заклавме овенот, истолчивме два леѓена кромид и го завиткавме во кожа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се издига од леѓенот, штотуку избраната кралица на летото, овенчана со бело цвеќе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Доаѓајќи пред убиената, со извесно чудење забележува дека главата не ѝ е разнесена: заспаната Ана лежи во голем леѓен, сличен на Ботичелиевата школка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го среди и исчисти секој предмет од куќата давајќи му нов сјај и живот, сврзувајќи се со него како со нешто живо и спасувајќи го од зафрленоста, заборавеноста и исчезнувањето: Масата. Столчињата. Печката. Креветот. Ковчегот. Ламбата. Часовникот. Водарникот. Ѓумот. Тепсијата. Леѓенот. Огледалото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден ден кога го бараше во бараката од градилиштето, ја виде во неа бедната соба во која живееше Богдан: обичен дрвен кревет и искинат душек, старо ќебе за покривање, стара печка за топлење, леѓен и бокал за миење, расфрлани алати и стари алишта; му рече да премине кај неа да живее.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Навистина појдов до кај него, го зедов прашокот, сиот се избрашнав, ги избрашнав и алиштата што ги облеков, а соблечените ги испопарив во легенот со жешката вода од котелот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе