легитимен прид.

легитимен (прид.)

Од друга страна, маниризмот на Гринавеј овде не го споменуваме како нешто негативно: неговиот манир во голема мерка е негов сопствен изум, и така барем авторски е легитимен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наместо тоа тие еден сѐ поширок дел од своите животи го ставаат како легитимен објект на експертите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Автентично: Легитимно за прифакање поради докажани факти или искуства, поуздано,сигурно, може да му се верува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И покрај тоа што Темпо ги осудил иредентистичките цели на Македонците како “непријателско држење“ и самиот навестил дека “обединета југословенска, грчка и бугарска Македонија се крајниот природен врв на легитимните аспирации на македонскиот народ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ако комунистите постојано се напаѓани токму поради ова, која е легитимноста тоа да се прави ако истовремено пазарот се става пред луѓето, ако за флексибилноста на пазарот на труд некој се чувствува надлежен да ги жртвува правата на трудбениците?!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во досието на службите тој е заведен како Пламенчо Насков. Јасно е, нели? Тој е легитимен сопруг на жената со која разговара.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)