култ (м.)

За да се создаде новиот култ, некој мора да се жртвува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
(...) Со појавата на пангерманизмот Гетеовото воспитно влијание во Германија се гаси: сведувајќи ја културата на ексклузивниот култ на праисконските сили, Volksgeist-от победува и, притоа, ги разоткрива своите тоталитарни потенцијали.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пишувањето за себе самиот од секогаш ми изгледало како некој вид автоген тренинг, служење на култот на self-от, непристојно малтретирање на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во случајот на денешните постколонијални земји, кај многу од нив во Третиот свет, национализмот може да стане оправдување за многу работи, како на пример за: укинувањето на личните слободи, еднопартискиот систем, диктатурата на армијата, култот на водачот и различните форми на екстремна ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зборувам за дивјаштвото на армијата, за српските и црногорски доброволци кои го пљачкаат Дубровник, за колективната параноја, за лагите, за срушените хрватски градови , за убиените деца, за запалените села, за масакрите, за бегалците, за пијанството, за лудилото, за култот на ножот...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Коса ја носеше идејата дека целиот нов култ на млади се појави благодарение на крајот на времето на Рибата и почетокот на времето на Водолијата - и навистина изгледаше дека клинците прифаќаат такво нешто.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секако дека тие внатрешни, мошне консистентни визии со векови претставувале визионерски култови и сликари со мистични склоности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако е централна личност на новиот технолошки култ и најголемите zaibatsu-и (корпорации) му нудат баснословни спогодби да работи за нив, повеќе сака да живее во расфрлан бунгалов со својата збирка (преку 100) музички инструменти - од ксилофони до гитари и дувачки инструменти.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Соединетите Американски Држави неспорно ги предводат другите делови на светот во култот dummy-изам”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
1. Првото обележје на прафашизмот е култот на традицијата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се мисли ли на владетелскиот култ? Но, владетелот нема право да господари со свеста ниту да ги уредува мислењата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Противејќи се на морализмот на интелигенцијата и култот на колективната одговорност, па и на руските концептуалистички релативистички вредности и доблести, тој ја објавува својата готовност за индивидуална одговорност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Постојано ви говорат за доминантниот култ. - Доминантен! Господа, не го разбирам тој збор, морате да ми го објасните. Се мисли ли на затирачкиот култ?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А еве и јас по триесет години откако Тито раскина со Сталин, го откривам воскреснат неговиот култ при моето враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко можеби порачуваше, низ сталинистичките книги помеѓу светите, дека не треба да се враќам во родна­та земја, во времето каде што сѐ уште се славеше култот на Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Култ на беспризорноста, типично американски: тотална расположливост, проѕирност на сите функции во просторот, кој пак останува неодгатлив во своето ширење и кој може да биде совладан исклучиво од брзината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сивилото на вештачките раеви на некој начин прераснува во култ, под услов тие да ја достигнат возвишеноста на една (не)култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Остана доволно простор за култот на личноста. Тој простор го исполни Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Италијански култ: култот на сценската глетка. Американски култ: култот на беспризорноста. Раскош на смислата наспроти пустините од безначајности. ***
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Којзнае, можеби Партијата е гнила под површината, а нејзиниот култ на воздржување и самоодречување е само шлаг под кој се крие злото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе