крчи несв.

крчи (несв.)

Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден силен писок, кој дотогаш постојано се доближуваше, почна прво да крчи, како дивината да имаше проголтано некое остро парче коска, тука, во нивната стреа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заиде, папсан, речиси влечкајќи ги по себе своите празни раце, своите долги раце, а тие во бараките сега изнаскокаа и се сместија по своите легла, некој дури почна и да крчи, како во сон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Скокаше Дукле во сонот, се будеше и ја туркаше со рацете да се заврти на рамо за да ѝ запре крчењето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
При спиење крчеше силно, бревташе како заклан јунец, како вулкан да клокоти.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Надвор пред масите на кафулето стојат ННО-овци (Непоправливо Неутрално Оштетување), долги млазови мрсули им се цедат низ брадата, цревата им крчат; останатите свршуваат гледајќи ги жените. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 17
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се испружив на креветот, не гледајќи со раката сакав да го допрам радиото. Тоа силно, пресилно крчеше. Го затворив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не можев долго време ни да заспијам оти стомакот ми крчеше, празен; при секое шушкање на лисјата надвор, се вртев да не ја видам сенката на мачката исправена врз мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше, го нема, сал името му остана што многу одамна го добило по крчењето на костените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)