корил м.

корил (м.)

Ги гледам кошулчињата од децата, околу корилот сѐ е шарено. И везеното не се познава од болвосерки. Господ да чува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А на корилчињата им го имав извезено името на децата. Поп Танаско ми ги напиша кога крштаваше вода...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова дете го викаат Корилче, зашто само пред една година е дојдено в град и уште не ги износило кошулите со везен корил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)