корелација ж.

корелација (ж.)

Воспоставувањето на новата културална меморија (библиотеката) се одвивало бавно затоа што морало да се бори против сложената корелација меѓу претходната усмена меморија (митот) и претходната материјална меморија (магијата). Маргина 35 143
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Натаму, со цел создавање на ново писмо, составувачот на ерменскиот алфабет го зема грчкиот систем на писмо и секој негов знак го доведува во корелација со особениот знак во новосоздаденото писмо, со кој се означува типична фонетска вредност на ерменскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако физички не се поврзани, тие столбови се во меѓусебна корелација, како по хоризонтална линија, меѓу сите луѓе, така и по вертикална линија: преку сопствениот или националниот ген.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)