копира св. и несв.

копира (св. и несв.)

Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Огледалото му ги фаќаше тие негови движења - копирајќи го чинејќи сѐ што тој чинеше: седни, стани, шетај, пали цигара, гази ја под нога, фаќај се за глава, налактувај се, гризи ги усните.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој природен процес, му велеа, невозможно е да се имитира, да се копира; таа сила, таа тајна, ја има само природата: таа е господар...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Копирањето“ на основната машинска инструкција во процесорот се состои во суптилно реорганизирање на неговите електронски кола што доведува до промена на состојбата во која се наоѓа машината така да го одразува значењето на инструкцијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пред сѐ, тој доаѓа во Шпанија, една година минува во Мадрид, заработува за живот копирајќи ги старите мајстори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со можностите за копирање на компјутерски сочувани информации, би требало да биде можно симултано да се постои во многу облици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите „фантастични“ скици за костими биле илјада пати копирани и влијаеле на барокниот театар на декорацијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Иако Жилберт&Џорџ ја нагласуваат употребата на боја како револуционерно продирање, мошне копирано во рекламирањето и модата, таа не го продолжува неопходно нивното само- истражување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но не беше лесно со религијата. Тука тешко можеше нешто да се копира, пресади, наложи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Слушаме туѓа музика, гледаме туѓи филмови. Постојано копираме од другите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во светата Русија сѐ е толку многу заразено со подражавање, секој го подражава и го копира својот претпоставен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)