конформизам м.

конформизам (м.)

Таа всушност може да се разгледува како процес кој се случува во време, со кој она што некогаш било предмет на несогласување станува официјална политика, либералните идеи се претвараат во нови облици на конформизам и непокорните елементи се хомогенизираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Често зборуваш за потребата од критичко-теориско објаснување на стварноста, односно на општествената ситуација која ги рециклира граѓанскиот конформизам и интелектуалниот „шламперај“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кој во неговата брзоплета интерпретација го симболизира општествениот конформизам, историско/етичката прагматичност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како оној гротескен идеал на примитивната народна педагогија - „држи се до златната средина“ - кој не само што ја осигуруваше репродукцијата на социјалниот конформизам туку секогаш одново го откриваше и количеството страв што го следеше секој акт на социјализација на поединецот, да станал општоважечко регулативно начело за сите протагонисти на општествената стварност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сега знаеше дека во нивните коментари и желби за него има многу љубов, оти родителот секогаш го сака она што е најважно за своето дете – удобноста на конформизмот и медиокритетот (до овој заклучок, се разбира, дојде многу подоцна, кога навистина се истрижа и почна да носи не само пошироки пантолони туку и боксерки).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека Исток се будеше во жестокиот антисоветски и антикомунистички револт, на чие чело застануваа Вацлав Хавел, Лех Валенса во самоуправна, неврзана, демократска Југославија, преовладуваше дефетизмот и конформизмот на некогаш среќни владетели -утописти, кои не можеа да веруваат дека нивниот сон завршува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)