конфискува св. и несв.

конфискува (св. и несв.)

Секаде ни го конфискуваат јазикот, велам, од устата ни го исфрлаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За миг сноп светлина ѝ се задржа на купчето интимни влакна преклопени од отокот на нејзиниот стомак, па речиси срамежливо тргна надолу по нозете и тогаш сите цајкани погледнаа во нас, посебно во тебе, а ти си го стегна ќебето како да се плашеше дека ќе го конфискуваат како доказ или ќе го употребат како покривка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но потоа динамитот бил откриен и конфискуван од властите, комисионерот бил уапсен и одведен во Одрин, додека Евангелидис избегал во Атина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се посомневал дека динамитот е откриен и конфискуван, а Гркот затворен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Абе шо ме боли стапов за него. Глеј целиот имот шо го конфискуваа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По нивното пристигнување, фотоапаратот и филмот под присила им бил конфискуван, а го принудиле и британскиот возач да ги врати во нивниот Главен штаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Може и колата да ми ја конфискува и да ја отстрани од сообраќај.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)