конститутивен прид.

конститутивен (прид.)

Детерминираност Кое е потеклото на овие нарации или приказни кои се конститутивен дел на животот на индивидуата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Заедно со една група луѓе учествував во деконструкцијата на одделните начини на живот и мислење, преку преиспитување на конститутивните ефекти на специфичните ситуации во нивните животи во областите на моќ кои имаат облик на социјални структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со таквите барања на екологијата се поклопува и постмодернистичкото отфрлање на претставите на власта, центризмот и антропоцентризмот и конститутивната подготвеност да се уважува надворешниот след на случувањата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа се нашите политички слогани. Тој тип на гестуален јазик е идеолошки конститутивен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По ова се носи решение – кое има конститутивно дејство, бидејќи од тој момент асоцијацијата на работниците или на работодавачите се стекнува со правна и деловна способност (чл. 190-193, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Значи, има меѓусебно конститутивен однос помеѓу културата и жанрот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, важно ќе биде да не се тргне од лажно упадливата спротивност меѓу недоволно цврстиот модел на општественото, сфатен како обичен површински исход од безредни содејства помеѓу луѓето (наместо како систематски состав што е длабоко конститутивен за нивниот субјективитет), и од претерано позитивистичкиот модел на природното, сфатено како онаа длабока, формативна структура што ни го определува битието.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)