кондиција (ж.)
АНДРЕЈА: Набивме кондиција за да ги издржиме оние 90 минути на теренот. Головите ќе дојдат.
„Диво месо“
од Горан Стефановски
(1979)
Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Може да се направи алтернативна стратегија или сѐ останува до личната кондиција, издржливост и праг на дразба?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
- Токму тоа - реков, можеби по малку и гневен - не можам да сфатам: ме обавестуваш за смртта на нашиот пријател а ти си во толку добра кондиција и покрај лелекањето преку телефонот за обетките, облеката, шминката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Одамна не сум возела велосипед, не сум во многу добра кондиција, но ќе се обидам. (Порано инсистираше да спомне дека „некое утре“, низ паркот ќе ги шетаме нашите деца, а сега ниту спомнува, ниту помислува).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во тоа време фабриката имаше и солидна менза и доста добра работна кондиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Од денешен аспект, кога компанијата е во лоша финансиска кондиција, акциите имаат незначителна вредност – но постои кривична одговорност која непосредниот извршител како и неговиот наредбодавец мора да ја сносат и соодветно да обесштетат околу 200 работници- акционери.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Не е јаван доволно често за да има добра кондиција.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа ме одржува во кондиција и добра форма.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)